Театар „Комедија“ со „Вардарски пастуви“ вечерва во НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп

Денеска, 2 октомври 2019/среда/ од 20.00 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претставата „Вардарски пастуви“ на Театар Комедија.
Претставата е за скопска маалска банда која седи и не прави ништо. Нивното нефункционирање во средината не се должи на нивната неспособност, туку на нивната инертност и на тоа што не сакаат да се потрудат и да направат нешто повеќе со себе во животот. Се интересираат само за фудбалскиот клуб „Вардар“ и за фудбалот. Во момент на апатија и незаинтересираност, во оглас во весник наоѓаат интересна понуда за работа-машки стриптиз.
„Вардарски Пастуви“ е работена според „Фул Монти“ од Симон Буве и „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стивен Синклер и скопски урбани легенди
Избор на музика, Превод, Адаптација и Режија: Синиша Евтимов
Сценографија: Милан Несторов
Костимогфрафија: Александар Ношпал
Кореографија: Саша Евтимова

Играат:
Атанас Атанасовски – Џаро
Валентин Костадиновски- Тино – Брзи
Жарко Димовски – Жица
Илија Илиовски – Касап
Столе Мицов – Лепи
Едмонд Сотир -Роки
Ердоан Максут – Шеф
Жаклина Петровска – Лина

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …