„Татковина на душата / Завичај душе“ самостојна изложба на српскиот уметник Стојан Ѓуриќ

Вечерва во Офицерскиот Дом – КИЦ во Битола со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена самостојната изложба на истакнатиот автор Стојан Ѓуриќ од Србија. „Татковина на душата / Завичај душе“.

Стојан е уметник кој својата целосна зрелост и успех ги достигнува со автентична енергија, величествена сила и виталност. Тој слика силно, експресионистички, нанесувајќи дебели слоеви на платното, а неговите бои се светли, речиси исто толку моќни како неговите потези со четка.


Има учествувано во над 200 изложби во Србија и надвор. Неговите дела се наоѓаат во многу јавни и приватни колекции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …