„Приказна се чита“ на Саем на книга 2024

Социјалните мрежи често се причината поради која остануваме информирани, но често добиваат лоша репутација како „дистракции“ кои ни го одземаат времето со скролање, читање бескорисни објави и листање мемиња. Но, потенцијалот сепак постои за да ги претвориме нашите профили и присуството на интернет во нешто корисно од кое можеме да научиме многу. Токму ова е идејата зад пораката на овогодинешното издание на Саем на книга, кое ќе се одржи од 18ти до 24ти април во Арената Борис Трајковски во Скопје.

За време на саемските денови, посетителите ќе имаат можност да погледнат голема колекција на нови и постари наслови, книги од домашни и странски автори, како и уникатни печатени изданија кои ќе можат да се најдат ексклузивно на Саемот за книга 2024. Организаторите најавуваат средби со автори, промоции и попусти, а ќе биде претставена и богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите.


Традиционално, Министерството за култура на РСМ го поддржува Саемот на книгата во својство на Покровител, како најголема книжевна манифестација во земјата.

Вратите на Саемот на книга 2024 ќе се отворат во четврток на 18ти април и ќе бидат отворени секој ден од 10:00 до 20:00 часот, до среда 24ти април.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …