ПОЛИЦИЈАТА во Србија уапсила маж под сомнение дека ја продал својата 13-годишна ќерка на 47-годишен маж.
Полицијата и двајцата мажи ги пријавила за кривично дело трговија со луѓе.
Според она што полицијата го открила во истрагата, 44-годишниот татко на Д.Ј. од општина Брус кај Крушевац ја продал својата ќерка за 3.000 евра на 47-годишен маж. Полицијата го пронашла девојчето во куќата на тој 47-годишен маж од селото кај градот Бојник.
Девојчето било преземено и згрижено од Центарот за социјална работа во Брус.
Неофицијално, мажот во полиција изјавил дека „со ќерката може да прави што сака“.
По наредба на Вишото јавно обвинителство Крушевац, на двајцата осомничени им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во обвинителството.
Telegraf.rs пишува дека Д.Ј. фатен така што на сите им бил сомнителен за неговото фалење со пари што инаку ги немал.
„Се фалел низ селото дека заработува од коцкање, а мештаните забележале дека ја нема ќерката. Полицијата излегла на терен и веднаш дознала што се случува. Девојчето го нашле во куќата на мажот на кого му била продадена и била однесена од Центарот за социјална работа“, изјавил за Telegraf извор од истрагата.
Фото: Принтскрин/Telegraf