Тага во Њујорк: Од корона вирусот починал познатиот глумец Марк Блум

Театарската компанија од Њујорк ја открила веста на социјалните медиуми
Глумецот Марк Блум починал во својата 69. година од корона вирус.
Театарската компанија од Њујрок ја открила веста на социјалните медиуми…
„Со љубов и тешко срце, Playwrights Horizons му оддава почест на Марк Блум, драг долгогодишен пријател и врвен уметник кој не ја преживеа оваа недела“.
Блум бил ѕвезда во хит филмовите „Моцарт во џунгла“, „Очајнички барајќи ја Сузан“, „Пресидо“, „Заблагодари ми подоцна“.
Блум го глумел сопругот на Росана Аркет во романтичната комедија „Очајнички барајќи ја Сузан“ од 1985. година.
За „Врап“, Росана Аркет, изјавила:
„Тажна сум поради ова. Беше навистина многу љубезен, секогаш сите ги подржуваше и беше смешен, нежен човек и прекрасен глумец кој ја сакаше глумата. Толку сум тажна поради неговото семејство и сите луѓе кои го сакаат. Ова е трагедија на толку многу нивоа. Почивај во мир, Марк Блум“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …