СЗО ЗА МУТАЦИИТЕ НА ВИРУСОТ: Британскиот сој пријавен во дури 94. земји – јужноафриканскиот во 46!

Високо заразниот сој на ковид, кој се појави во Велика Британија во септември, беше откриен во уште осум земји минатата недела, така што вкупниот број на земји кои пријавија британски сој скокна на 94., објави Светската здравствена организација (СЗО).
Што се однесува до јужноафриканскиот сој, тој е регистриран во уште две земји, така што бројот на земји кои го откриле сојот 501Y.V2 на нивна територија сега е 46, објави агенцијата ТАС С.
Бразилскиот сој П.1 се најде во уште шест земји минатата недела, а сега го има во 21 земја низ целиот свет.

Фото: Russian Federal Service for Surveillance on Consumer Rights Protection and Human Wellbeing


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …