СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА: За еден ден уште 384.000 нови случаи на корона во светот

Светската здравствена организација (СЗО) во својот билтен во неделата објави дека минатиот ден во светот се регистрирани повеќе од 384.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, што надмина 113,46 милиони во вкупниот број на случаи.
Според официјалната статистика на СЗО, во текот на изминатиот ден се потврдени 384.956 нови инфекции ширум светот, а бројот на смртни случаи од ковид-19 е зголемен за 8230.
Во Северна и Јужна Америка, повеќе од 46. проценти од овој број се евидентирани со 179.480 нови случаи, додека во Европа се потврдени нови 139.264 инфекции со вирусот корона.
Од почетокот на пандемијата, според СЗО, регистрирани се 113.467.303 случаи на ковид 19 и 2.520.550 смртни случаи поврзани со оваа болест.
Најголем број случаи на коронавирусот досега се пријавени во САД (28.174.978), следи Индија (11.096.731), Бразил (10.455.630), Русија (4.246.079) и Велика Британија (4.170.523).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …