Свечена проекција на македонскиот игран филм “Мементо” (1967) на режисерт Димитрие Османли во Шибеник

Свечена проекција на македонскиот игран филм “Мементо” (1967) на режисерт Димитрие Османли покрај бројните интернационални проекции на кои се прикажува ова дело чиј фокус е на скопскиот земјотрес од 1963 но се однесува на сите човечки страдања во стихиите што не престануваат да го потресуваат светот – ќе се одржи во среда, 20.09. со почеток во 18,30 во медиумската сала на зданието на шибенската библиотека почна да се одбележува во дел од хрватските медиуми. На настанот му се дава големо внимание.

Се очекува учество на културни угледници и општественици од градот Шибеник, жупанијата, уметници и филмофили, како и од македонските асоцијации во овој дел на Хрватска.


Во чест на проекцијата на филмот и на културниот настан, онлајн поздрав од Загреб ќе упати македонскиот амбасадор г. Милаим Фетаи, а говори пред проекцијата ќе имат г. Сашо Георгиевски  претседател на организаорот на овој настан Хрв.-македонската тангента како и поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, г. Тито Петковски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …