Македонија може да пофали со метал музиката: Скопскиот бенд Conspiracy освои прво место во анкетата на големиот Чешки online магазин RockShock

Conspiracy e скопски треш метал бенд кој веќе има настапувано на многу музички фестивали. Бендот со песната „Гнев“ учествуваше во анкетата на големиот Чешки online магазин RockShock во номинација на бендови од целиот свет, при што се здоби со првото место во рубриката Video Shockparada 18/2023. Со оваа моќна, брза и ритмички силна композиција, членовите на бендот го изразуваат ставот кон денешното општество и политичките случувања коишто ја следат долгата транзиција.

„Почитувани фанови ✊
Ви благодариме за поддршката ❤️. Го завршивме нашето учество во анкетата на големиот Чешки online магазин RockShock во номинација на бендови од целиот свет со освојување на првото место со песната „Гнев“ во рубриката Video Shockparada 18/2023. Без Вашата поддршка немаше да успееме. Слушајте ја нашата музика и продолжете со поддршка на Македонската музичка сцена!
Ве сака Conspiracy ❤️“, напишаа од бендот на социјалните мрежи.


Тие во интервју за ЕКРАН за песната Гнев изјавија дека Conspiracy созрева, а тоа публиката го препознава: „Многу работевме, се вложивме себе си и сметаме дека го направивме вистинското и најдобро што можевме во овој период како на индивидуално, така и на колективно ниво. Веќе и самите чувствуваме дека Conspiracy созрева, а тоа публиката го препознава’.


Наредно Conspiracy ќе може да ги видите на Андерфест фестивал во МКЦ на 13 Октомври.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …