(ФОТО) Сузана Манчиќ – Култната лото девојка:„Сопругот го немав видено 107. дена, но затоа сега одлично се забавуваме!“

Најпознатата лото девојка на Југославија ја следи ситуацијата и немирите во Белград, кои се случиле под нејзиниот прозорец. Во Грција, вели таа, сите се придржуваат кон мерките и луѓето посериозно го сфаќаат вирусот и сите се штитат.
„И’ покрај сè што се случува во Белград, мојата помлада ќерка Теодора дипломираше пред четири дена. Јас сум многу горда мајка“, рекла Сузана Манчиќ (63).
Најпознатата лото девојка е веќе десетина дена во Грција, каде што ужива со својот сопруг Симеон. Тие се зажелеле еден за друг, па Сузана седнала во автомобилот и тргнала на пат. Сега тие се одмораат во мало планинско село.


„Живееме во центарот и сите тие немири на улиците на мојот град беа под мојот прозорец. Секако, јас следам сè што се случува од Грција, но со мојот Симеон покрај себе, сè е многу полесно. Да не беше за него, јас не би ја напуштила Србија. Не се видовме 107 дена“, вели Сузана.
Порано релацијата од 1.000 километри ја возела за еден ден. Сега спиела во Македонија. Сузана има хармоничен брак и деновиве ја прослави својата втора годишнина. Таа вели дека не подготвила изненадување за сопругот.


View this post on Instagram


Alisa u zemlji hortenzija

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial) on


„Имавме намера да ги собереме пријателите од целиот свет и да имаме забава по повод нашата двегодишнина од бракот. За жал, таквата прослава не успеа“, вели Сузана.
Прославата, која требало да биде голема, поради короната се претворила во интимна, романтична. Само тие двајца и кучето на Сузана. Манчиќ вели дека тоа било многу романтично и дека ги забавувало нејзиното милениче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …