Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА СТРИП

Овој конкурс е составен дел од активностите од традиционалниот 21 Мегународен стрип салон ” Велес 2024 ‘-најзначајна стрип манифестација во државата. Истиот е финансиран од страна на Министерството за култура на Македонија и Општина Велес

Според пропозициите:


– Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста;

– Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 сликички.


– Стриповите нема да бидат вратени. Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.

– Tемата на стрипот е слободна. Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.


– На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)

– Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса и држава од каде е авторот, е-маил како и година кога е стрипот нацртан. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот. Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди.

– Стриповите од македонски автори пожелно е да бидат на македонски јазик и кирилско писмо.

– Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на изложбата на Салонот на стрип ВЕЛЕС 2024со реална можност за друг вид на промоција.

– Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија која што ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:

• Прва награда, 300 ЕУР – ”Златен стрип”, изданија и диплома за прво место.

• Втора награда ”Сребрен стрип” и диплома за второ место.

• Трета награда,”Бронзен стрип” и диплома за трето место.

• Награда за најдобро сценарио, диплома.

• Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.

• Други специјални награди.

Рокот за испраќање е до 01.08.2024 година.

Тие може да се испратат на

a) Адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот)

Ул. Васил Ѓоргов, бр.78 ,1400 Велес, Република Македонија(пожелно преку Eco Logistic )

б) Или преку Е-маил : stripkonkurs@gmail.com

За повеќе информации заинтересираните може да се јават на горенаведениот емаил или на тел +38978867327

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Аргентинско танго – курс за почетници

Музика е комплетна кога некој игра, влезете во светот на танцување, научете Аргентинско танго. Наместо …