Стефанија го објави својот нов видео запис за песната „Бегаш“

Стефанија го објави својот нов видео запис за песната „Бегаш“.
„Во ова невреме за сите нас кои живееме тука во нашиот дом, Македонија, правам промоција на видео записи во кои е всадена суштината за нашето постоење. Немам сила да го пренесувам крикот на оваа пресија на уметникот, кој веќе станува и ограничен во својот израз. Јас го одбирам патот на љубовта, покрај сите потешкотии, без поддршка од Општина, од Држава, сама создавам и творам со целото срце. Безнадежно е, но нема да Бегам од СЕБЕ, нема да Бегам од својот корен, нема да Бегам од својата Боженствена мисија. Сé е минливо, а ДЕЛАта остануваат!
,,Бегаш и бегаш и никаде не стигаш.
Почни да бараш, да пронајдеш нешто што живот значи и љубов зрачи.
Погледни во себе, погледни во тебе,
Погледни и разбери, ти далеку си веќе.” вели Стефанија.

Видео запис: „Бегаш“ – Стефанија
Албум: „Девојчето со долгата коса“ 2023
Аудио и Видео Продукција – Welcome to Stefanija’s Music World
Видео – Владимир Бошковски
Видео монтажа / режија – Стефанија Милевска Враниќ
Музика/ текст – Стефанија Милевска Враниќ
Аранжман/ микс – Петар Димитровски, Стефанија
Гитара – Владимир Враниќ
Микс/ Мастеринг – Владимир Аговски
Локација:
– Анастасија Центар Битола ( Anastasija Center – Performing arts, Fashion, Dance & Music Center )
– Манастир Трескавец – Света Богородица (Прилеп)
Костими – моден дизајнер Анастасија Зулевска
Фризура – Габриела (Goran Coban/Chicago Hair Salon)


Погледнете го новото видео за песната

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …