Српската фолк пејачка ја убиле дома па ја фрлиле во блискиот каналот!?

Убиството на Јелена Марјановиќ, српската фол пејачка која е пронајдена мртва на 3. април минатата година, некои медиуми во Србија го нарекуваат тамошен „Твин Пикс“ бидејќи работите секој ден се’ повеќе се „замрсуваат“.
Пејачката е убиена со тап предмет,а нејзиното измасакрирано тело е пронајдено во каналот блиску една населба во предградието на Белград. Нејзиниот сопруг, Зоран Марјановиќ, е уапсен во петокот, година и пол после злосторството, и тоа откако излегол од една риалити програма.
Убиството на несреќната жена српските таблоиди од првиот ден го претвориле во сапуница на која не и се наѕира крајот. Нејзиниот сопруг тврдел дека тие двајца со ќерката отишле на трчање и дека на Јелена од тогаш и се губи секоја трага, а наредното утро била најдена мртва, во близина на местото каде последен пат ја видел.
Нејзиниот сопруг и свекор редовно комуницирале со медиумите и давале чудни и контрадикторни изјви, а во тамошните таблоиди секојдневно излегувале бизарни приказни за семејството Марјановиќ. Се појавиле сведоци кои тврделе дека свекрвата на убиената пејачка ги измамува луѓето и им ги наплатува своите услуги „на лекување“, а многумина зборувале дека целото семејство припаѓа на секта.Во меѓувреме умрела мајката на убиената пејчка, нејзината свекрва е осудена за „надрилекување“, а нејзиниот сопруг се појавил во риалити програма на Пинк телевизија.


Навистина е невозможно да се „пофаќа“сето она што српските медиуми во последната година го објавиле за убиството, кое од повеќе причини е наречено совршен злостор.
Семејството на починатата пејачка, откако сфатиле дека после година и пол му нема трага на убиецот,ангажирале приватни детективи и набргу бил уапсен Зоран Марјановиќ и сега се споменуваат нови сценарија на убиството, а помеѓу останатите и дека Зоран сопругата ја убил во када, во куќата и ја однел во каналот за да неговата приказна за одењето на трчање биде поубедлива.
На Зоран Марјановиќ му е одреден притвор од 30. дена, а наводно биле ангажирани пет адвокати кои ќе го бранат на судот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …