Среќен роденден Шенка Колозова !!!

Шенка Колозова е родена во Добрево, Пробиштипско на 1 февруари 1947 година. Таа е пензионирана македонска глумица, најпозната по улогите во Македонските народни приказни.

Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје. Целиот работен век го поминала како професионална глумица во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала. Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште 16 премиери со приватниот театар „Колозов“.


Таа има одиграно повеќе од 6 000 претстави во овие три театри, не вклучувајќи ги и гостувањата во Велешкиот театар и други театри во Македонија. Најзначајни театарски улоги на Колозова се во претставите „Свирачот на покрив“, „За сите мои синови“, „Електра“ на Еврипид (во улогата на Клитемнестра), „Сè за градината“, „Печалбари“ и други. Покрај глумата, таа е автор на бројни сценарија и драматизации, меѓу кои и Цепенковите народни приказни.

Добитничка е на голем број на награди и признанија, меѓу кои ги издвојуваме:


Награда за актерско остварување на Фестивалот “Војдан Чернодрински” за улогата на “Ен Дивер” во претставата “Сите мои синови” (1971)
Награда “Гран при” (2006)
Награда Св “Јоаким Осоговски” (2012)
Награда почесен граѓанин на општина “Пробиштип” (2017)
Награда за животно дело “Васил Иљоски” на Фестивалот “Денови на Комедија” во Куманово (2020)
Награда за животно дело за Развој и Афирмација на независна театарска сцена за Театар “Колозов” (2021)

Шенка своите пензионерски денови ги поминува во село Велестово, Охрид.


Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика да и го честита роденденот на нашата Шенка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …