Тодорка Кондова-Зафировска е родена на 1 февруари 1926 година во Прилеп. Таа беше истакната македонска глумица и режисерка.
Тодорка завршила Театарска академија во Белград, на Отсекот за режија (1952). Член на драмата во МНТ (1945-1964) и во Драмскиот театар од 1964 година до пензионирањето. Нејзиниот творечки опус е обемен, раскошен според карактерот и димензиите и се вбројува во редот на остварувањата на избраните великани на македонското глумиште.
Таа се искажува како драмска, филмска, радио и телевизиска глумица, режисерка и професорка по глумечко мајсторство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, коешто и го потврди со објавениот учебник „Глумечко мајсторство“.
Добитничка е на следниве награди:
Награда “11-октомври” (1960) и (1983)
Награда Артист на годината според анкетата на “Екран” (1980)
Награда на весникот “Дневник” од “Нови Сад” за улогата на царицата во претставата “Јане Задрогаз” (1975)
Награда “13-ноември” (1984)
Награда за животно дело “Војдан Чернодрински” (1992)
Починала во Скопје на 29 мај 2003 година.