Среќен роденден Ана Јовковска !!!

Ана Јовковска е родена во Скопје на 19 март 1982 година. Таа е новинарка, водителка, продуцентка, активистка и хуманистка.

Нејзините почетоци како тв лице се од 1994 година и низ дваесет (20) години континуирана работа пред камерите во различни телевизиски проекти, направила преку 1000 интервјуа со личности од различни професии од јавниот живот. Во нејзината авторска тв емисија “Пулс”, која се емитува од 2007 година, го промислува и анализира духот на времето и ги артикулира критичките ставови и мислечките луѓе во општеството. Со “Пулс” Јовковска ги внесе важните културолошки, филозофски и политички теми во најгледаните (prime-time) термини на телевизија. Низ поинаква тв естетика и специфичен режисерски потпис, го крши класичниот новинарски израз и нуди подлабока тв поетика. Неколкупати е наградувана за најдобар тв проект во Македонија.


Авторка е на повеќе текстови од областа на медиумите, културните идентитети, креативните индустрии, родовите студии, филмот и друго, а како магистрант по комуникации, учествувала и во неколку научни истражувања од областа на комуникологијата и културните студии.

Во полето на активизмот е иницијаторка и учесничка во различни граѓански иницијативи, социјални движења и протести за човекови права, екологија, анти-национализам, социјална правда, права на маргинализирани групи, права на животните и др. Организирала и поддржала голем број хуманитарни настани. Учествувала на различни фестивали и многупати била панелистка и модераторка на трибини и јавни собири.


Среќен роденден Ана, ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …