Денес се сеќаваме на нашиот актер Салаетин Билал

Салаетин Билал е роден во Скопје на 19 март 1942 година. Тој беше истакнат театарски, филмски и телевизиски глумец од турска националност.

Салаетин Билал студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станал член на ансамблот на Турски театар – Скопје. Како глумец гостувал и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма.


За своето глумечко умеење бил награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година добил награда за најдобра споредна улога. Двапати бил добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ – прогласен е за глумец на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ – Награда на градот Скопје за 1977 година, а во 1984 година го доби највисокото републичко признание Наградата „11 Октомври“, Добитник е на Наградата за животно дело “Војдан Чернодрински” во 2014 година.

Починал во Скопје на 10 мај 2018 година, на 76 годишна возраст.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на полското дуо Siksa во Котур

Вечерва, со почеток во 21:30 часот, во Котур, ќе може да го проследите концертот на …