Со проекција на филмот „Враќањето на Даимаџин“ започнува неделата на јапонски филм во Кинотека

Од 25- 29 ноември, во Кинотека на Македонија, ќе имате можност да проследите уште еден исклучителен циклус на јапонски филм. Преку овој циклус, Кинотеката нуди повеќе од само проекции. Тоа е културен мост меѓу Истокот и Западот, претставувајќи ги различните аспекти на јапонскиот филм и повикувајќи ја публиката да го открие светот зад екранот. Ова патување низ јапонската кинематографија е повеќе од само уживање во филмската уметност – тоа е повик за истражување на длабочините на културата, историјата и човечките искуства.

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, циклусот на јапонски флимови започнува со проекцијата на филмот „Враќањето на Даимаџин“.


Градот на еден самурајски господар е поразен и војниците ja уништуваат џиновската статуа на Даимаџин, џиновскиот бог воин. Кога свршеницата на самурајскиот господар му се моли на Даимаџин, тој се крева од дното на езерото и ги поразува напаѓачите.

ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН е вториот дел од филмската трилогија за Даимаџин, џиновскиот бог воин. Оваа трилогија е од токусацу (tokusatsu) жанрот, тоа се филмови со фанатастична и натприродна тема во кои се користат многу специјални ефекти. Трите филма се снимени истовремено од тројца различни режисери и имаат сличен заплет: обичните селани го повикуваат Даимаџин да ги спаси од насилниците.


Со текот на времето овие филмови и ликот на Даимиџин добиваат култен статус, и во 2010 година е направена и телевизиска адаптација на серијалот.

Овој дел е режиран од Тецуро Јошида, еден од најактивните и најгледани јапонски режисери од тоа време, кој е познат како зачетник на Затоичи, еден од најпознатите филмски ликови на јапонската кинематагорафија, овековечен во истоимениот филм на Такеши Китано.


Возрасна категорија: 12 години.

ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН

(The Return Of Majin)

Игран филм, Јапонија

1966, 119 мин., колор, ДЦП

Режисер: Кенџи Мисуми (Kenji Misumi)

Сценарио: Тецуро Јошида (Tetsuro Yoshida)

Улоги: Коџиро Хонго, Шишо Фуџимира, Таро Маруи (Kojiro Hongo, Shiho Fujimura, Taro Marui)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На лицето може да се забележат два симптоми на високо ниво на холестерол

Високиот холестерол често се нарекува „тивок убиец“ поради фактот што симптомите обично потешко се забележуваат. …