Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“


Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева” по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков. Режисер на филмот е Бојан Василев. Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, како и Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашо Василев, шминка Александар Билјановски-Дадар. Остатокот од екипата го сочинуваа Калин Крајчевски, Петар Пројкоски, Стефанија Василева и Матеа Мисајловска.

Снимањето се одвиваше на локации во Скопје и околината. Продуценти на „За Ева” се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција”.


Филмот во тек на развојот и продукцијата е поддржан од EDU CUTS мрежата преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан” финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈСТАРОТО ЖЕНСКО ИМЕ ПОВТОРНО СТАНУВА ПОПУЛАРНО: Симбол е на вера и надеж

Името Ева е едно од најстарите и најпознатите женски имиња во светот. Ова библиско име …