(ФОТО) Во куќата на Ибрахимовиќ му се вселил маж и ќе живее со него! Одлуката е донесена, сопругата Хелена била шокирана

Судот во Шведска одлучил дека станарот во зградата што ја купиле Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер може да продолжи да живее во таа зграда. И не само тоа, Ибрахимовиќ е должен да му ги плати трошоците за судењето, неговата сопруга Хелена била затечена од одлуката.
Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и неговата сопруга Хелена Сегер го загубија случајот против маж кој живее во зграда во нивна сопственост. Повеќе од две години се чекала пресуда за овој случај кој ја потресе цела Шведска, а малкумина очекувале дека Судот ќе пресуди во корист на споменатиот маж!


Пресудата била прочитана во четвртокот и во неа е наведено дека закупецот чие име не се споменува во медиумите, има право да престојува во споменатата зграда бидејќи му бил прекршен претходниот договор со агенцијата за недвижности. И не само тоа, Златан Ибрахимовиќ освен што треба да продолжи да „трпи“ несакан станар во зградата, треба да му ги плати и судските трошоци во износ од околу 30 илјади евра, што на крајот ќе биде најмал проблем.
Судот оставил можност брачната двојка Златан Ибрахимовиќ – Хелена Сегер да поднесе жалба на оваа пресуда, а нема сомнеж дека тоа ќе го сторат, а рокот е 13 декември.


Од каде потстанар во зградата на Златан Ибрахимовиќ?
Во 2022 година, брачната двојка купилазграда во Естермалм, луксузен кварт во Стокхолм, за околу 11 милиони евра, но оттогаш тие практично не можат да се вселат во неа – или да направат нешто со неа поради споменатиот станар. Тие го откажале договорот со фирмата за недвижности со која претходниот сопственик имал договор за закуп, но еден станар одбил и не сакал да се предаде. Наместо тоа, ги тужел Хелена Сегер и Златан Ибрахимовиќ, сметајќи дека има право да остане да живее во зградата, а поради законот во Шведска кој бил променет во 2022 година и кој ги донел овие нови поволности за станарите.


На крајот, станарот добил право да остане во таа зграда и да ужива речиси идентични права како сопственикот, што Ибрахимовиќ и неговата сопруга го сметаат за бесмислено.
Тие воделе преговори, неуспешно, и не помогнало ни тоа што Хелена Сегер пред судот објаснила дека планира да ја реновира целата зграда (вила) и дека собите во кои престојувал неименуваниот човек – сега нивен цимер – сакале да ги претворат во канцеларии. Очигледно тие можат да заборават на тоа.

Ништо не помогнало, Златан доби цимер
Златан и Хелена на споменатиот станар дури му понудиле замена за стан, што тој го одбил со оглед на тоа дека не е „еквивалент на тој во кој моментално престојува“, што особено ги изнервирало и истакнале дека тој сигурно не бил легално пријавен на таа адреса. Затоа биле сигурни дека ќе победат на суд, но веќе две години минуваат низ проблеми бидејќи се работи за сериозна инвестиција за која се надевале дека веќе ќе почне да се исплаќа.
„Нема што повеќе да се каже на таа тема. Одговорот ќе го добиеме следната недела. Па вие новинарите знаете повеќе од мене, изгледа ќе дознаете се пред мене. Но, ќе дојде за една недела, па ние треба да ја чекаме пресудата“, раскажал неодамна Златан Ибрахимовиќ за шведски „Sportbladet“ и додал дека ќе ја почитува одлуката каква и да е.

Ветил дека после тоа ќе даде соопштение, па ќе видиме дали ќе го слушнеме веднаш – или по жалбата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јод“ – новиот роман од Снежана Младеновска Анѓелков наскоро во издание на Или-Или

Издавачка куќа Или-Или со радост го најавува излегувањето од печат на новиот роман од Снежана …