Во последната емисија на Јутјуб каналот, Кристијано Роналдо бил домаќин на популарниот инфлуенсер Mr Beast (Мистер Ѕвер), а за време на гостувањето имале многу интересен и опуштен разговор.
Роналдо на својот Јутјуб канал објави дека следниот гостин ќе го „урне интернетот“, а додека тоа не се случи, на својот канал најавил гостување на популарниот јутјубер Mr Beast.
Во еден момент разговорот станал вирален, а се однесувал на годините на Роналдо. Mr Beast бил изненаден од фактот дека Роналдо наполнил 39 години и се уште игра сериозен фудбал.
Изненаден од возраста на Роналдо, г-дин Mr Beast рекол: „Скоро 40? Умираш (наскоро), како е тоа?“.
Mr Beast warns Cristiano Ronaldo that he is about to die 😳 pic.twitter.com/NqqFE2Oqir
— Cuhtz (@iCuhtz) November 21, 2024
Роналдо најпрво се изненадил, но и се насмеал од пораката на јутјуберот, на која имал одличен одговор.
„Ќе живеам до 100 години, само да знаете. Во фудбалот ова е долга кариера бидејќи се пензионирате на 33, 34 или 36 години“, изјавил Португалецот.
Инаку, Mr Beast е најпопуларниот Јутјубер во светот со рекордни 331 милион претплатници. Од друга страна, му се „заканува“ Роналдо, кој за неполни три месеци доби 67 милиони претплатници.
Фото: Принтскрин/X