Инспиративно видео – моќта на девојките и жените во триатлонот

Триатлонот ги инспирира девојките и жените на сите нивоа!

Македонската триатлон федерација го претставува своето ново инспиративно видео, кое ја истакнува важноста и улогата на жените во триатлонот – од спортистки и судијки до тренерки и раководни фигури.


Ова видео ја слави нивната сила, истрајност, посветеност и лидерство, со цел да ги мотивира поголем број на девојки и жени да станат дел од триатлонската заедница.

Триатлонот е уникатен предизвик кој бара физичка издржливост и ментална сила, но истовремено нуди и извонредна можност за личен раст и постигнување.


„Триатлонот е повеќе од спорт – тој е простор за развој, лидерство и инспирација. Со ова видео, сакаме да ги охрабриме девојките и жените да ја препознаат својата моќ и да станат активен дел од нашата заедница.” – велат од Македонската триатлон федерација.

Федерацијата, исто така, истакнува дека жените и девојките се значително помалку застапени од мажите, што е дополнителна причина да им се даде заслужениот медиумски простор и да се поддржи нивната видливост и учество.


Погледнете го видеото и приклучете се – никогаш не е доцна за нов предизвик!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Наутро пијам 8 апчиња, лекарите сакаат да ми ја ампутираат ногата“: Поради ова и Ноле плачел со него!

Хуан Мартин дел Потро минува низ страшни моменти и Новак Ѓоковиќ добро го знае тоа. …