СО 4 ПРОЕКЦИИ, ГРОМОГЛАСЕН АПЛАУЗ И СТОЕЧКИ ОВАЦИИ СЕ ОДРЖА ПРЕМИЕРАТА НА TE DUA, ЖИМИ МЕНЕ

На 22 Септември во Синеплекс се одржа премиерата на независниот, домашен филм Te Dua, Жими Мене. Филмот премиерно го погледнаа четири полни кино сали, а публиката ја поздрави екипата со громогласен аплауз и стоечки овации.

Станува збор за целовечерна комедија во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола Кузелов. Зад камерата стои Александар Карпузовски, а оригиналната музика е на Валентин Видовиќ. Главните улоги ги толкуваат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ и Ангела Стојановска, а во филмот како епизодисти се појавуваат и истакнати актерски имиња како Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Мими Таневска, Владо Јовановски и многу други.


По прес проекцијата која се одржа ден пред премиерата, дел од домашните филмски критичари и новинари излегоа со свои мислења за филмот:

“Независна продукција со одлична актерска екипа која слободно може да чита и телефонски именик, тоа е забавна комедија на забуни, која си подигрува со балканските стереотипи.” – Илина, Букбокс


“Умешноста на сценаристичкото достигнување на Никола Кузелов е во тоа да не ја потцени публиката, вешто избегнувајќи да ги сведе дури и намерно карикираните ситуации на евтин скеч. Режисерот Гавриловски пак својата визија сликовито ја надградува не дозволувајќи да западне во канџите на тривијалноста, а со предрасудите си поигрува на начин со кои ги собира симпатиите. Се чини дека ништо не би било толку добро, доколку кастингот не е полн погодок. Одлична е спојката на тројцата „верни другари“ Кокан, Двојка и Сакс што како дијаметрално спротивни карактери ги доловуваат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски и Валентин Видовиќ.” – Тони Цифровски

“Независна продукција со одлична актерска екипа која слободно може да чита и телефонски именик, тоа е забавна комедија на забуни, која си подигрува со балканските стереотипи.” – Александра Тодоровиќ, Трн


Филмот пред домашната премиера беше во селекција на KinEst Fest во Италија, како и на Young Europen Film во Тирана, Албанија каде ја доби наградата за најдобар филм од публика.

Te Dua, Жими Мене можете да го погледнете на редовен репертоар во Синеплекс и во Кино Милениум. Од 28 Септември во комедијата ќе можат да уживаат и жителите на Велес и Штип во кино Киноверзум. На 30 Септември ќе се одржи проекција во Охрид, на 29 во Прилеп, додека на 5 и 6 Октомври ќе има проекции во Кочани и Свети Николе. На 10 Октомври ќе се одржат проекции во Струмица и Пробиштип, а на 13 во Демир Хисар. Најавени се проекции и во Битола, Кичево, Кратово, Кавадарци, Делчево, Виница, Гевгелија и Неготино.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …