Снежни врнежи во Македонија – еве каде вееше

Во ноќните часови имаше повремени врнежи од дожд, претежно со слаб, а во југозападните делови и умерен интензитет. Утрово е претежно облачно, врнежите речиси секаде престанаа.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 2 Лазарополе, Крушево, Маврово, 3 Струмица, Кр. Паланка, 4 Ѓуриште, Пожаране, 5 Тополчани, Д. Капија, Тетово, Претор, 6 Виница, Битола, Охрид, Прилеп, Штип, 7 Скопје-Петровец, Куманово, 8 Гевгелија, Дојран, 9 Скопје.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот: 1 Тетово, Скопје-З.Рид, Маврово, Струмица, 2 Претор, Кр. Паланка, Дојран, Демир Капија, Пожаране, 3 Гевгелија, Крушево, 5 Битола, Тополчани, Прилеп.
Врнежи од снег синоќа биле забележани на Попова Шапка.
Прекрасното време кое го имавме за време на овој викенд полека но сигурно заминува со самиот почеток на новата недела (06.11.2017) времето во државава во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот на некои места ќе се засилува по интензитет.
Навечер облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд особено во западните предели иако и на другите места не се исклучува можноста за послаб дожд. Снег ќе паѓа само на високите планини.
Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачи во интервалот од 10. до 18. степени.
Европските алпи како и Италијанските алпи синоќа беа зафатени од навистина силно снежно невреме проследено со интензивни снежни врнежи и силни снежни наноси. Сево ова е поради силниот циклон кој се формираше над овие предели од Европскиот Континент.
Снежните врнежи и натаму ќе бидат интензивни па некаде до утре вечер или задутре наутро на повеќе места снежната покривка ќе изнесува до па и над 50. см а понекаде дури и над 80. см нов снег.
Со ова и дефинитивно започнува скијачната сезона во Европа, пишува порталот meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …