Смртоносно трио: Овие 3. работи се најчести причини за рана смрт!

Во студијата учествувале неколку работници кои биле следени 18. години…
Стрес на работа, лош сон и висок крвен притисок можат да бидат рецепт за рана смрт, известуваат германските истражувачи.
Во студијата учествувале неколку работници со висок крвен притисок кои биле следени 18. години, а оние кои изјавиле дека имаат стресна работа и лош сон имале три пати поголема веројатност дека ќе умрат од срцеви болести од оние кои добро спиеле и кои немале проблеми на работа, откриле истражувачите.


„Дури 50. отсто од возрасните имаат висок притисок. Тоа е главен фактор на ризик за срцев удар, мозочен удар, застој на срцето, болести на бубрезите и прерана кардиоваскуларна смрт. Бројни студии откриле поврзаност помеѓу зголемениот стрес на работа и подоцните ризици од кардиоваскуларни болести. Пореметувањата на сонот се поврзани со зголемен ризик“, вели доктор Грег Фонароу, професор по кардиологија.
Во новата студија истражувачите дошле до заклучок дека меѓу лицата со хипертензија, оние кои имале стресна работа имале двојно поголем ризик од умирање од кардиоваскуларни болести, како и оние кои изјавиле дека имаат само лош сон.



Според водечкото истреажување, др. Карл Хајнс Ладвиг смета дека спиењето би требало да биде време за одмор и враќање енергија. Доколку имате стрес на работа, сонот може да ви помогне да се опоравите, пренесува Health24.
„За жал, лошиот сон и стресот на работа често одат рака под рака, а во комбинација со хипертензија ефектите се уште попогубни“, додал тој во изјавата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …