Слушнете го новиот сингл на Стефан Петановски – „Nether“

„Nether“ е првиот сингл од претстојниот трет албум насловен како „Thanatos“, на младиот и талентиран артист Стефан Петановски. Овој албум започнува таму каде што застана претходниот (Ерос), со други зборови овој албум е директно вклучен во целиот концепт на Ерос/Танатос (Живот/Смрт) и со овој албум се заокружува целата приказна.

Неофицијално дознаваме дека Стефан Петановски ќе настапи на шестото издание на фестивалот Андерфест коe ќе се одржи во октомври.


Стефан Петановски е гитарист, артист и композитор од Скопје, Македонија. Неговиот стил најдобро може да се опише како спој од различни жанрови меѓу кои рок, метал, џез, фјужн, сепак задржувајќи го модерниот прогресивен звук.

На страна од гитарата, негова голема пасија претставува компонирањето, од каде произлегува основата на неговата инспирација. Тој посветува голем дел од времето работејќи во полето на продукција и микс а во 2020 година се здобива со диполомата „The Advanced Complete Cubase Course“.


Во 2019 година, Стефан започнува соработка со JST (Joey Sturgis Tones) за кој тој создава песни а исто така го работи миксот и мастерот на истите. Исто така Стефан е ко-автор и продуцент на песната „Haya“ од Ана Петановска, која се најде на листата топ-10 хитови на повеќе радио станици низ земјата.

Тој е професор во музичкото училиште Enterprise каде предава на отсекот – гитара од 2018 година. Низ годините, тој учествува во голем број проекти и бендови, меѓу кои: Spectrum (во чии состав го издава албумот “Hiraeth”), бендот на Дамир Пух како и Chromatic Point каде гостува на нивниот албум “За металцките работи”.


Зедно со бендот Station: Innermost го издаваат нивното прво CD издание “Exposure” во 2019 каде гостува и истакнатиот клавијатурист Derek Sherinian. Во текот на 2020 и 2021 издаваат поголем број на синглови меѓу кои се и „The Light“, „Four And a Half Minutes Away“ и „My Only One“. Во 2022 година настапуваат на поголем број фестивали и настапи меѓу кој најистакнати се настапот на Spitfire festival во Приштина, Косово како и настапот како предгрупа на бендот Deep Purple во Арена Борис Трајковски во Скопје.

Во 2019, Стефан го издава својот прв соло албум “Architect of Reality” и со тоа го бележи почетокот на својот соло проект. Неговиот втор соло албум наречен Eros е издаден на 10ти Март 2021 година. Станува збор за концептуално парче музика со голема доза на експериментирање во кое тој имплементира различни, непредвидливи звуци и стилови со што продолжува да ја пробива својата музичка комфорт зона. На вториот албум учествуваат истакнати индивидуалци од полето на музиката и уметноста како што се: Eric Gillette (The Neal Morse Band, Mike Portnoy’s Shattered Fortress), John Waugh ( Plini, 1975) и Natacha Einat (Skip Closer).

На 10ти Март 2022 година, Стефан го издава документарниот филм “Тhe Мaking of Eros” во кој преку видео записи и интервјуа го објаснува процесот на создавањето на самиот албум “Еros”.Премиерата на документарниот филм се одржува во МКЦ – Кино Фросина во Скопје.

Во 2023 година, Стефан заедно со својот бенд настапуваат на еминентни фестивали во државата како што се Бела Ноќ и ВиноСкоп каде изведуваат голем дел од соло дискографијата на Стефан.

Подолу слушнете го и уживајте во одличниот нов сингл на Стефан Петановски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …