Случајот на Цетински прогласен за таен: Полицијата ги крие деталите од сообраќајката во која хрватскиот пејач прегази човек!

Пулското државно обвинителство, како и полицијата, не сакале да дадат никакви информации за сообраќајната несреќа во која познатиот музичар Тони Цетински го прегази 62. годишниот Ибрахим Кевлјанин.
И’ понатаму останува тајна дали мажот во моментот на наидувањето на возилото веќе лежел на улицата или пак Цетински го соборил со својот „Мерцедес“. Портпаролот на полицијата на медиумите уште во саботата им најавил дека повеќе детали ќе соопштат во понеделник после обдукцијата.
„Телото на починатиот е превезено на Одделението за патологија на Општата болница во Пула каде по налог на државното обвинителство ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта“ соопштила портпаролката на истарската полиција, Наташа Витасовиќ, во саботата.
Таа додала и дека токму обдукцијата ќе утврди дали загинатиот маж починал од последици од сообраќајната несреќа или порано лежел на патот.
Во хрватските медиуми вчера беше искажано незадоволство поради таинственоста на полицијата, особено што тие самите кажале дека обдукцијата е завршена но дека резултатите се тајни.
„Во светот кога во сличен случај е поврзно познато лице сите наоди и се предочуваат на јавноста со цел да нема забошотувања и јавноста да не добие впечаток дека познатите лица се заштитени“ рекол еден соговорник за РТЛ.


Tony Cetinski autom naletio na muškarca koji je ležao na cesti!Više na bit.ly/2lLorW7Reporterka: Dijana Marić


Posted by 24sata on Freitag, 3. November 2017

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …