„Скриени дела и спомени – откривање“ – Отворање на арт инсталацијата на студентите од ФЛУ

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на студентите од Факултетот за ликовни уметности, која ќе биде отворена денес во 14:00 часот во во Аулата на Филолошкиот факултет во Скопје. Настанот е во рамките на манифестацијата Студентска уметничка пролет.

Во прва фаза, на Факултетот за ликовни уметности – ФЛУ, Скопје, се одржа едномесечна работилница под менторство на д-р Натали Рајчиновска Павлеска и дел од студентите по предметот Историја и теорија на ликовната уметност од сите четири студиски години.


Проектот опфати документирање, собирање и архивирање на податоци, анализа на пишани материјали, толкување на ликовни дела од фундусот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”,Скопје. Преку овој процес студентите стекнаа практични вештини на претставување на ликовните дела создадени од неколку македонски автори, вклучително и компаративна анализа со опфат на историскиот контекст на настанување на репликите кои се наоѓаат во аулата и коридорите на Филолошкиот и Филозофскиот факултет.

Изготвената студија „Скриени дела и спомени – откривање” изработена од д-р Натали Рајчиновска-Павлеска, како процес на мапирање и евалуација, има за цел да ја подигне свеста кај релевантните институции за зачувување на делата оставени на временската корозија.


Самиот настан, „Скриени дела и спомени – откривање” е интерпретација на делата која ќе ја водат студентите од ФЛУ Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …