Skopje Design Week 2024 во соработка со Литераура.мк отвора повик за млади креaтивци кои сакаат да ја испробаат својата еко креативност

Skopje Design Week 2024 во соработка со Литераура.мк отвора повик за млади креaтивци кои сакаат да ја испробаат својата еко креативност! На 19.октомври, сабота, од 11 до 16 часот, во Public Room, се организира креативна работилница за редизајн на ранец каде предвидено е учество за 20 креативци.

Доколку си млад креативец, моден графички или продукт дизајнер, ова е твојата шанса да учествуваш! Под менторство на модната дизајнерка и професорка Лидија Георгиева, дизајнерите ќе имаат можност да редизајнираат ранец инспириран од темата на Skopje Design Week 2024 „Чиста мобилност“.


Пријавувањето е до 10.октомври а секој кандидат потребно е да испрати лични податоци (име, презиме, телефон и мејл) и кратко портфолио на axi@literatura.mk со назнака Работилница за редизајн на ранец.

Редизајнирај, креирај и инспирирај ги другите. Пријави се!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неопходен минерал кој телото не го произведува – 8. намирници ќе го надоместат

Магнезиумот е минерал кој е неопходен за општото здравје на организмот и урамнотежено, добро расположение. …