Силви и Влатко ќе го изведат “Ромален” во Германија

Во организација на музичката куќа и продукција “Сил-Вла”, на 17.10.2020 година од 20 часот во градот Ахен, Германија, ќе се одржи голем, спектакуларен концерт – мјузикл „Ромален ” на Силви Бенд.
Концертот ќе биде вистинско доживување за сите сладокусци на убавата музика, исполнет со богати кореографии, прекрасни народни и традиционални носии, со прекрасна музика и тоа најубавите ромски романси од целиот свет, броен оркестар на сцена. Ова музичко уметничко доживување минатите години се одржа и во Скопје и неколку градови и предизвика внимание. 
Овој перформанс влегува во вековните проекти со рустичноста, древноста и оригиналноста.
Проектот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален, но и меѓународен интерес за 2020година.
Најавата може да ја проследите на следниот линк http://www.altes-kurhaus-aachen.de/veranstaltung/silvy-band-romalen/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …