Штрајкот го парализира Холивуд: Познат е новиот датум на доделување на престижните награди Еми

Церемонијата на доделувањето на наградите Еми, најпрестижната американска телевизиска награда, е одложена за речиси четири месеци, објавија организаторите во четвртокот, бидејќи штрајкот на актерите и сценаристите го парализира Холивуд.

Еми, кои се филмски еквивалент на Оскарите, требаше да се одржат на 18 септември и се одложени до средината на јануари 2024 година, се вели во заедничката изјава на мрежата Фокс и Телевизиската академија.


„Задоволство ни е да објавиме дека 75-тото доделување на наградите Еми ќе се емитува во понеделник на 15 јануари 2024 година“, изјави претставник на американската телевизиска мрежа која ќе ја пренесува церемонијата.

Последен пат Еми беа одложени во 2001 година по нападите на 11 септември.


По повеќе од сто дена штрајк, претставниците на сценаристите и филмските студија сè уште не се договориле за подобри хонорари и надоместоци за содржината произведена за стриминг услуги, ниту за пропишување на примена на вештачка интелигенција во индустријата. Актерите се приклучија на штрајкот во јули.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …