Новото истражување покажало дека и жените и мажите често погрешно го проценуваат она што спротивниот пол го смета за привлечно.
Изразените црти на лицето, особено вилиците, често се опишуваат како мажевни. Деликатните црти на лицето и пополните усни се дефинирани како женствени. Сепак, дали е тоа навистина точно?
Мажите мислеле дека жените сакаат повеќе мажествени лица отколку што всушност биле, а жените биле убедени дека мажите претпочитаат понежни лица. Овие мислења произлегуваат од воспоставените стандарди за убавина, според New York Post.
Употребата на филтри и вештачка интелигенција дополнително го влошило овој проблем. Значи, секој се фокусира на идеализирани верзии на убавина кои не го одразуваат она што другите сакаат да го видат.
Исто така, откриено е дека неточните претпоставки за привлечноста дополнително се влошуваат со сликата која луѓето ја имаат за себе.
Резултатите од истражувањето, кое беше спроведено во Велика Британија, беа објавени во стручното списание PLOS One.
Кога станува збор за привлечноста, сепак најважно е да се има предвид дека голема улога во тоа имаат самодовербата, љубезноста, психолошките особини итн..
Фото: Архива