ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Момче (15), исчезнато пред две години, пронајдено во орман на педофил!

Германската полиција денеска соопштила дека 15-годишно момче, чие исчезнување било пријавено пред две години е пронајдено во домот на маж осомничен за детска порнографија.
Полицијата во градот Реклингхаузен, во западниот дел на земјата, соопштила дека во претресот на станот на 44-годишниот осомничен маж пронашле тинејџер кој бил во плакарот.


Полицијата навела дека „во моментов нема индикации дека момчето е задржано во станот против негова волја“.
Тинејџерот бил ставен под полициска заштита. Тој живеел во засолниште во блискиот град кога неговото исчезнување го пријавиле социјалните работници во 2017. година.
44-годишниот осомничен е задржан во притвор, а полицијата запленила и електронски уреди од станот во кој живеел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Корисни препораки – Овие додатоци во исхраната и витамини придонесуваат за процесот на слабеење: Вклучете ги во вашата дневна рутина

Во процесот на слабеење, клучно е да ја прилагодите вашата исхрана за да се обезбеди …