Шест години без Џумерко – Човекот кој го олицетвори итроманецот Пејо!

Како вчера да беше веста дека по долго боледување почина Благоја Спиркоски Џумерко, еден од најистакнатите македонски актери…Човек кој на театарските штици можеше да го игра „најтешкиот“ лик а потоа во тв серија да го отелотвори Итар Пејо и засекогаш да остави свој белег на тој лик…
Фејсбук страницата Ѓорѓи Колозов денес не потсети на големиотЦумерко:
„На 69 годишна возраст по подолго боледување се упокои во Господа на 11 Јуни, 2015 година во Прилеп легендарниот актер и прилепчанец Благоја Спиркоски Џумерко.
Благоја Спиркоски Џумерко е роден на 6 Февруари 1946 година во Прилеп од татко Киро и мајка Марија.
Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање.
Никогаш да не го заборавиме човекот кој го олицетвори итроманецот Пејо! Човекот кој секогаш знаеше да не насмее од срце! Неговиот дух на сцената секогаш го претставуваше обичниот, доблесен Македонец! Со добрата мисла, мрсниот и валкан јазик, думите од нашите прадедовци и уникатниот изглед (бркови и мевот) од вечноста ни го доближуваше едноставниот, обичниот Македонски човек кој при животот го краселе и убавините и фаленките!
Секогаш кога говориме за ликот на Итар Пејо од приказните, прво што ни доаѓа на памет е овој човек! Благоја Спиркоски Џумерко, легенда за цела Македонија, а најдобро го познаваа прилепчани! Македонија изродила многу незаборавни ликови кои го одбележале векот а под актерското небо меѓу Ѓорѓи Колозов, Петре Прличко, Дади, Ванчо Петрушевски е и легендарниот лик на Благоја Спирковски Џумерко! Неговото име засекогаш ќе остане Пејо, а неговиот ведар и шегобиски дух засекогаш ќе останат впишани во колективната меморија на Македонците!
А вечен ќе биде по улогите во: Солунски Патрдии, Итар Пејо, Заминување од Пасквелија, Бог да ги убие шпионите, Елелига Пепелига, Македонски народни ептен резил приказни, Илинден, Нели ти реков, Оловна бригада, Јазол и уште многу други филмови и серии кои не се добројуваат на прсти!
Историја!
Фотографија: Д-р Владимир Плавевски.
Текст: Горан Марковски“.

Извор: Ѓорѓи Колозов


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …