Сеќавање: На денешен ден во 2015 година почина еден од најистакнатите македонски вајари Петар Хаџи Бошков

Петар Хаџи Бошков е роден на 1 јуни 1928 година во Скопје. Во 1953 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, на Одделот за вајарство. Во 1959/60 година специјализирал вајарство на Кралскиот колеџ за ликовни уметности и на Слејдовата школа за ликовни уметности (Slade Scool of Fine Arts) во Лондон. Во 1965/66 година бил гостин-професор на Академијата за ликовни уметности Купер во Њујорк (Academie Cooper Union of Fine Arts New York). Проф. Хаџи Бошков од 1964 до 1980 година работел во Училиштето за применета уметност во Скопје. Од 1980-1988 година работел на Факултетот за ликовни уметности во Скопје каде се стекнал со звањето редовен професор, а од 1980 до 1985 година бил декан на овој факултет.

Организирал повеќе од 30 самостојни изложби во Македонија, во просторите на поранешна Југославија, во Англија, САД, Турција и Грција а учествувал и на повеќе од 300 групни изложби во земјата и во странство, како и на бројни вајарски колонии и симпозиуми ширум поранешна Југославија. Во 1978 година бил учесник на Меѓународното биенале во Венеција. Реализирал 16 монументални споменици кои се поставени во Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и во Франција. Во 1997 година бил учесник на „Деновите на европската култура“ во Солун. Добитник е на 30 национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградата „11 Октомври“ во 1969 година. Неговите дела се застапени во државни и приватни колекции во Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Кралството Англија, САД, Франција, Полска, Италија, Турција, Грција, Белгија и во многу други места. За почесен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2009 година.


Починал во Скопје на 22 март 2015 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …