МАКЕДОНСКАТА СТРИП ИДНИНА НА ФЕСТИВАЛ ВО ПОЛСКА

Како резултат на воспоставената меѓународна соработка , неколкумина млади стрип автори од Македонија ,преку нивните стрип дела учествуваа на 13 Стрип фестивал во Краков, Полска. Тоа се : Ангела Петрушевска, Методија Стојановски, , Матеа Аризановска, Славица Купенкова ,Ѓоре Ѓелев, како и Војдан Андонов и Цанко Стефанов (од групата ПАРАГОНС) Овој фестивал се одржа од 22 до 24 март.

Како што извести Томе Трајков од Македонскиот стрип центар од Велес , оваа изложба и каталог се продукт на соработката започната во август 2023 и гостувањето на стрип уметници од земјите на Вишеград групата на стрип колонијата во Велес.


Инаку, стрип фестивалот во Краков е најголемиот годишен состанок на љубителите на стрипови, илустрации, анимации и други форми на визуелно раскажување приказни во јужна Полска. Програмата на секое издание вклучува атракции за сите возрасни групи: средби со автори, панели за дискусија, предавања, работилници, косплеј шоуа и изложби.

Јадрото на програмата на 13-тиот фестивал на стрипови во Краков (22-24 март) се состои од средби со уметници од Полска, Чешка, Франција, Германија, Велика Британија и Аргентина. Ќе има индивидуални и групни изложби со уметници од целиот свет. Фестивалот ќе биде проследен и со стрип прошетки низ Краков.


Организатори на 13-тиот фестивал на стрипови во Краков се: Здружението на стрипови во Краков, Фондацијата музеј на стрипови и Канцеларијата на фестивалот во Краков – оператор на програмата Град на литературата на УНЕСКО во Краков и палатата Потоцки.

Свесни сме ,завршува Трајков, дека иднината на македонскиот стрип не завршува со споменатите автори ,таа категорија е е доста побројна . Заради тоа Стрип центарот од Велес континуирано организира едукативни активности и мегународни промоции ,што нема да изостане и во 2024. За истото македонската стрип јавност ќе биде благовремено информирана.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …