„Ритуалот во Современото Општество“ – работилница за имерзивен театар

Во рамки на проектот “СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, ќе се одржи 3-дневна интензивна работилница за имерзивен театар. Работилницата ќе се одржува во просторот на КСП Центар-Јадро.

Работилницата ќе се одржи на следниве датуми и термини:
петок, 22.03.2024 од 17:00-21:00 ч.
сабота, 23.03.2024, од 10:00-17:00 ч.
недела, 24.03.2023, од 10:00-17:00 ч.


Работилницата за имерзивен театар е наменета за професионални уметници од различни дисциплини (актери, танчери, вокални изведувачи и музичари, ликовни уметници итн) со различен степен на искуство, како и за студенти по уметности. Особено важно е учесниците да имаат ентузијазам, желба и волја да учат, работат и да се надградуваат во областа на имерзивниот театар.

Преку пракична работа и презентација на студии на случаи, работилницата има за цел учесниците да ги запознае со одредени пристапи и алатки за создавање имерзивни театарски искуства за публиката и заедницата. Во таа смисла 3-дневната интензивна работилница конкретно ќе се фокусира на практична демонстрација на алатките и уметничките пристапи кои ќе се користат во процесот на претстојното уметничко истражување и продукција на интердисциплинарниот перформанс со работен наслов РИТУАЛОТ ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО.


Работилницата ќе ја водат Јелена Вуксановиќ (Србија) и Јасмина Билаловиќ (Македонија), а во рамки на работилницата свои предавања и презентации на конкретни студии на случаи ќе имаат и Алесандро Ола (Италија/Шпанија), Атила Антал (Србија/Унгарија) и Вишња Жугиќ (Србија).

3-дневната интензивна работилница ќе биде и еден вид на аудиција-селекција преку која од учесниците во работилницата ќе бидат избрани 8 домашни уметници кои ќе бидат поканети да се приклучат на уметничкиот тим и да соработуваат во претстојниот процес на уметничко истражување и продукција.


На тој начин, работилницата го означува почетокот на работата на перформансот “Ритуалот во современото општество”, кој ќе се одвива во неколку фази и локации, и тоа:

– 22ри-28ти МАРТ 2024, Скопје (почетна фаза)
– 17ти-24ти МАЈ 2024, Скопје (втора фаза)
– 20ти-28ми ЈУНИ 2024, Вевчани (финална фаза и изведба на перформансот)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на полското дуо Siksa во Котур

Вечерва, со почеток во 21:30 часот, во Котур, ќе може да го проследите концертот на …