Сеќавање: На денешен ден пред 7 години почина нашата пејачка на изворни народни песни и доајен на македонската народна музика Вања Лазарова

Вања Лазарова-Димитрова е родена на 27 април 1930 година во с. Страцин, Кратовско. Извесно време работи во Операта при МНТ, а била член и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил. Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етномузиката.

Вања Лазарова е родена во музички надарено семејство. Нејзиниот татко бил пратеник од времето на Кралството Југославија. По завршувањето на учителското училиште, станала игроорка во „Танец“. Подоцна била учителка во оркестарот „Пеце Атанасовски“ каде на своите ученици им ја пренесувала љубовта кон музиката.


Вања Лазарова пеела со различни фолклорни ансамбли. Била член на ансамблот на Македонската радио-телевизија, а има настапувано и со Македонската филхармонија. Таа е првата македонска пејачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи Poligram и Philips. Добитник е повеќе меѓународни музички награди.

Продуцентската куќа „Трето уво“ ги издаде нејзините први три албуми: „Македонски традиционални љубовни песни“ – кој е дистрибуиран во Европа, Америка и Јапонија, „Ритмистика“ — во соработка со водечки македонски музички имиња и „Лулка“ – во соработка со американскиот гитарист Мирослав Тадиќ. Нејзиниот последен албум „Генофонија“ е во соработка со групата Нав.


„Со маки сум се родила“, „Петро Петроленко“, „Многу ми го фалат бабо“, „Параходот ми замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Во ливаѓе ладен извор има“ се само некои од песните кои ги има отпеано и снимено.

Вања Лазарова е добитник на следниве награди:


-“Златна бубамара на популарноста” за животно дело 2010 година;
-„11 Октомври“ за култура и уметност во 2014 година,
-Награда за животно дело на фестивалот “Цветници” (2016)

Починала на 12 март 2017 година во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …