Се разведува еден од најбогатите луѓе во светот: „Никогаш нема да ги знаеме деталите“

Сергеј Брин, ко-основачот на Google и шестиот најбогат човек во светот, се разведува по три години брак.
Американските медиуми пишуваат дека Сергеј на почетокот на јануари поднел барање за развод од сопругата Никол Шанахан. Брин (48), чие богатство се проценува на 94. милијарди долари, како причина ги навел „непомирливите разлики“.
“Сите прашања во врска со имотните права или обврски на странките ќе бидат утврдени со доверлива обврзувачка арбитража во согласност со писмен договор меѓу странлите“, стои во документите што ги пренесе „Business Insider“.
Брин бара и заедничко старателство над нивната двегодишна ќерка, како и да не се доделува финансиска поддршка на ниту еден од поранешните сопружници.
Брин и Шанахан веројатно имаат предбрачен договор бидејќи нивната врска започнала долго откако тој станал милијардер, изјавила Моника Мазеи, партнер во Sideman & Bancroft LLP во Сан Франциско. Но, бидејќи случајот го води приватен судија, „никогаш нема да ги дознаеме деталите“ за разводот, рекла таа.
Брин претходно билво брак со Ан Војчицки, кој траел од 2007. до 2015. година. Од тој брак има две деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …