Се продава уникатен Maybach изработен по желба на Гадафи

Уште во 2010 година, Xenatec започнал со производство на Maybach Coupe, а меѓу клиентите бил и Моамар Гадафи.
Целосното име Xenatec Maybach 57S Coupe требало да има тираж од 200 примероци, а на крајот беа направени само осум. Меѓу нив е и оној со сериски број 004, кој е направен по нарачка на поранешниот лидер на Либија. Од добро познати причини, Гадафи никогаш не го презел автомобил кој досега поминал само 2.300 км.


Сега се наоѓа во Холандија, каде што го нуди куќата на Ауто Лајтнер. Луксуз на тркала од 2,7 тони е придвижуван од 6,0 V12 со 612 КС. Задните патници уживаат во целосна удобност, а на располагање се и фрижидер, телефон и ЦД и ДВД плеери. Дури и воланот се загрева, што не било многу паметен избор за врелата либиска клима.
Xenatec побарал 675.000 евра за овој автомобил уште во 2011. година, а сегашната цена е 961.950 евра.
Целиот опис на автомобилот можете да го видите тука.


Foto: Auto Leitner

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

По повод 20-годишнината, НЕОТЕЛ воведува нов пакет за деловни корисници со брзина до 500 Mbps.

Телекомуникацискиот оператор, Неотел, ја претстави својата нова понуда на Office Fiber интернет пакети за деловни …