Samsung Galaxy S24 Ultra го менува светот на мобилните телефони!

Секој пат кога се обидуваме да го посочиме најдобриот од најдобрите мобилни уреди на денешницата, со сигурност помислуваме на последниот Ultra модел од Samsung телефоните, кој претставува совршената комбинација на стил и моќ. Овој пат новиот Galaxy S24 Ultra не пристигна само нови и унапредени перформанси и уникатен дизајн, туку за првпат ја воведе Galaxy AI* вештачката интелигенција со која серијата Galaxy S24 ја започна новата ера на корисничко искуство на мобилните телефони.


 Што добивате со новиот Galaxy S24 Ultra?

Покрај феноменалните перформанси кои ве водат во светот на најмодерната технологија, моделот Samsung Galaxy S24 Ultra поседува извонреден дизајн кој е нагласен со препознатливиот облик на моделот Ultra, но овојпат со остри рабови, зајакната рамка од титаниум и екран од 6,8 инчи. Еден од новитетите на овој телефон е Corning Gorilla Armor стаклото кое го штити екранот од гребнатини и овозможува уредот да изгледа убаво подолго време. Исто така, Galaxy S24 Ultra има ознака IP68 за отпорност на вода и прашина, така што може да издржи во свежа вода до метар и половина длабочина дури до 30 минути. Овој модел доаѓа во прекрасни, софистицирани бои – титаниум сива, титаниум црна, титаниум виолетова и титаниум жолта – кои дополнително имаат сатенест мат сјај за уште поимпресивен изглед кој ги пленува сите.


Galaxy AI вештачката интелигенција во функциите на Galaxy S24 Ultra


Новиот начин на пребарување со функцијата Пребарување со заокружување  (Circle to Search) ви овозможува секој предмет што го гледате на екранот од вашиот S24 Ultra, да можете веднаш да го пребарате и да добиете релеватни извори на информации од Google, и сето тоа за секунда-две. Едноставно, само заокружете го на екранот тоа што ве интересира со S Pen пенкалото или со прстот и веднаш добивате резултати од пребарување на Google. Овој новитет ги отвара вратите за интуитивното пребарување и за нови димензии во истражувањата и поврзувањата со дигиталниот свет.

Поанатму,  вашата пишана комуникација е значително подобрена, бидејќи на Galaxy S24 Ultra  можете и да составувате текстуални порака користејќи ја функцијата со вештачка интелигенција Помош за разговор (Chat Assist), која ќе се погрижи  пораката да биде изразена на начин на кој посакувате –  со професионален, пријателски официјален или кежуал тон. Исто така, без разлика дали пишувате покомплексна содржина или само внесувате кратки забелешки, функцијата (Помош за белешки) Note Assist ви овозможува да започнете да пишувате, а подоцна да форматирате сè во концизен, прегледан текст. При пребарување на постари белешки, новите насловни страници ќе ви бидат прикажани како брз преглед, а екранот ќе изгледа организирано и лесно ќе можете да го пронајдете она што го барате. А тука е и  Помош за транскрипција (Transcript Assist) која вашите говорни белешки ќе ги конвертира во текст и ќе ги сумира. Сите алатки ја прават секојдневната работа поефикасна која одзема помалку време.

Со најмногу мегапиксели и обработка со вештачка интелигенција, Galaxy S24 Ultra поставува нов стандард на квалитет со секоја слика што ја правите!

Дека Samsung Galaxy S24 Ultra е синоним за најдобрата камера на пазарот, докажува системот од 5 феноменални камери – широкоаголни камери од 200 MP, камера од 50 MP со 5x оптички зум и 10x оптички квалитет, ултра широка камера од 12 MP, камера од 10 MP со 3x оптички зум и селфи камера од 12 MP.

Со најмногу мегапиксели во еден смартфон и обработка со вештачка интелигенција, Galaxy S24 Ultra поставува нов стандард на квалитет со секоја слика што ја правиш. Дополнително, новата ProVisual технологија препознава предмети и ги подобрува боите, го намалува шумот и го истакнува секој детал, па гарантирано, твоите фотографии ќе изгледаат како да се направени од професионалец. Системот Quad Tele на Galaxy S24 Ultra, кој освен револуционерниот оптички зум од 5x, вклучува и подобрен дигитален зум до 100x, ги доближува далечните објекти со неверојатна јасност, овозможувајќи одлични фотографии дури и од далечина.

Унапредената Nightography функција кај Galaxy S24 Ultra продолжува да ја револуционизира фотографијата при слаба осветленост. Со поголеми пиксели од 1,4 μm и пошироки агли на оптичкиот стабилизатор на слика (OIS), оваа функција обезбедува неверојатно јасни снимки во услови на слаба осветленост.

Повеќе информации за моделот Galaxy S24 Ultra прочитајте на следниот линк:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/

*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …