САКА ДА ГИ ИНСПИРИРА ДРУГИТЕ – Во „Ѕвездите на Гранд“ настапи трансродова личност, а имаше посебна порака за „оние што се различни“

Во синоќешната емисија на регионалниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“ за прв пат настапи трансродова личност, која покрај пеењето што го покажа, имаше и посебна порака за „сите што се различни“.
Алино Јухарт од Словенија е првата трансродова личност која се појави во „Ѕвездите на Гранд“, а на публиката и се претстави со нумерите „Паметна и луда“ на Марија Шерифовиќ и „Лажу те“ во изведба на бендот Амадеус.
Јухарт призна дека би сакала да ја викаат Алина и дека е тука да ги охрабри „сите жени и сите оние кои се различни“.
„Мислам дека Србија и целиот регион треба само да запознаат жена како мене. Јас сум само нормална личност која сака да сака и да биде сакана и да биде среќна како и сите други. Сакам да ја инспирирам секоја личност да го живее својот живот и нивната животна вистина“, рекла таа.
Таа за Гранд онлајн зборувала и за предизвиците со кои се соочила како трансродова личност.
„Понекогаш дури и заборавам дека сум нешто поинакво. Едноставно, толку ја живеам својата женственост што понекогаш заборавам”, признала таа.
На прашањето дали е подготвена за критики, таа рекла дека е подготвена на се и дека „оди по светот и шири љубов“.

Фото: Принтскрин/Grand


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …