САЕМ НА МЕБЕЛ (29.03-02.04) со големи попусти и понуди за уредување на домот

Сѐ е подготвено за почетокот наедна од најатрактивните саемски манифестации кај нас, запаметена и со нетрпение очекувана заради оригиналните идеи за уредување на домот. Саемот на мебел, кој ќе се одржи од 29 март до 2 април, ви нуди исклучителна можност на едно место да го одберете своето идеално парче мебел и да ги искориститеатрактивните саемски попусти.

На Саемот ќе се претстават над 40 домашни и меѓународни брендови со богата понуда на мебел за дневни,  спалнии детски соби, трпезарии, кујни, купатила, но и на декоративни подлоги и елементи и секако на оригинални решенија за ентериерот.


Партнер на годинашното издание на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје, која на посетителите на саемот ќе им понуди атрактивни кредитни производи за купување на посакуваните парчиња мебел. Посетителите ќе имаат ексклузивна можност на специјалниот штанд на Комерцијална банка да се информираат и да аплицираат за разновидни кредитни производи.

Саемот на Мебел започнува на 29 март и ќе трае до 2 април, со работно време од 10.00 до 20.00 часот, а ќе се одржи во Комплекс – „Борис Трајковски“. Билети може да се набават на билетарниците пред влезот на Саемот и преку платформите: www.karti.com.mkи www.mktickets.mk .


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …