ИН МЕМОРИАМ: Си замина Димче Мешковски, истакнат театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист

Во Флорида, САД, синоќа на 77 години почина Димче Мешковски, македонски театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист.
Почина Димче Мешковски, македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист. Мешковски е роден на 31 октомври 1945 година во Скопје, а почина на 77-годишна возраст.
Беше глумец во Драмскиот театар – Скопје.
Остварил улоги во многу театарски претстави, како „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“, телевизиски серии, како „Македонски народни приказни“, радиодрами и хумористични серии, меѓу кои и „Хихирику“, и играни филмови, како „Викенд на мртовци“.

This image has an empty alt attribute; its file name is dimce-meskovski.jpg
Својот глас го позајмувал и при синхронизацијата на цртани филмови, меѓу кои и Гаргамел во „Штрумфови, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.
Сочувство за смртта на Мешковски изрази Драмски тетар кој беше негова матична сцена. Комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар на 28 март во 12 часот.


Тој е татко на познатата македонска пливачка Наташа Мешковска.
Димче Мешковски пензионерските денови ги минуваше во Флорида, САД, за што зборуваше и на Телма.


По повод смртта на Димче Мешковскисе огласи и неговата колешка Весна Петрушевска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен повик за учество во работилница „Вовед во сценска костимографија“

Во рамки на годишната програма, КСП Центар- Јадро организира работилница за сценска костимографија во текот …