Родено маче со две глави: Какви се неговите шанси да преживее?

Мачка во Арканзас омачила маче кое изгледа дека има две глави, поради ретко генетско нарушување.
Ариел Контрерас, сопственичката на мачката, вели дека отишла да пере алишта кога нејзината мачка почнала гласно да мјаука, а набрзо почнала да се породува.
„Мачињата почнаа да излегуваат, па брзо му се јавив на сопругот. Тој прв го виде необичното маче и ми кажа дека има две глави. Реков дека нема шанси“, изјавила Ариел.
Двојката решила да ја именува новородената мачка по ликот од Бетмен – Харви Дент.
Фактот дека мачката Харви има две лица е резултат на генетска состојба позната како „јанус“, која е предизвикана од прекумерното производство на протеини во утробата.
„Неговите шанси да преживее се исто толку добри како и на неговите браќа и сестри ако го нахраните со шише“, вели ветеринарот Тим ​​Адис.


Иако нема многу податоци за ова нарушување и неговата фреквенција, мачките „јанус“ имаат ниска стапка на преживување, а повеќето умираат веднаш по раѓањето.
„Имаше една таква мачка која живееше до 12. година и една што доживеа 15. години. Ќе направиме се што можеме за него“, рекла сопственичката на Харви.
Додава дека на мачето засега добро му оди, дека е поголемо од другите младенчиња и дека „одлично напредува“.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 13.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Солиден почеток на работната недела им претстои на Овните, па се очекува да …