Ричард Гир се враќа на малите екрани после 30. години

Сценариото за серијата го напишал Том Роб Смит за кого Гир рекол дека е „еден од најоригиналните автори на сите времиња“, а Ричард со овој потег тргнал по стапките не колешките Никол Кидмн и Рис Витерспун…
Глумецот Ричард Гир (68) за американскиот портал на BBC најавил дека после 30. години се враќа на малите екрани. Гир во драмската серија „Mother Father Son“ на BBC ќе го глуми американскиот бизнисмен и медиски могул Макс.
Покрај него во серијта ќе глумат и Хелен МекКори (49), позната по улогата во филмот „Хари Потер и подароци на смртта“ и Били Хоул (28) кој глумел во филмот „On Chesil Beach“.
Сценариото за серијата го напишал Том Роб Смит за кого Гир рекол дека е „еден од најоригиналните автори на сите времиња“, а Ричард со овој потег тргнал по стапките не колешките Никол Кидман и Рис Витерспун кои гледачите оваа зима можеа да ги гледаат во серијата „Мали лаги“ на ХБО.
„Минаа 30. години откако последен пат играв во некоја серија па многу се радувам на овој одличен проект на BBC со многу талентирани луѓе“ рекол глумецот кого многумина го памтат по улогата „Убава жена“.
МекКори ќе ја игра сопругата на Макс, Кетрин, а Хоули нивниот син Чејден кој е присилен да тргне по стапките на својот татко. Ликот на Гир се бори да ја задржи контролата во моментот кога, приватно и деловно, се’ му се распаѓа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …