(Рецепт) Вкусно пилешко месо во лебни трошки – од рерна!

Состојки:
– 2 пилешки гради
– 80 гр лебни трошки
– масло
– сол, црн пипер
– зачини по желба
Подготовка:
Исчистете го месото од жилички и кочичка па сечкајте на мали парчиња. Додадете сол и бибер, а потоа полијте со масло и добро измешајте.
Во лебните трошки додајте ги зачините, измешајте и извртете ги парчињата пилешко во нив. Наредете ги на плех,покриен со хартија за печење но да не се допираат.
Печете околу дваесет минути, на температура од 200 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …