(Рецепт) Штити, хидрира и елиминира знаци на стареење: Маска за лице од масло од лешник!

Се’ повеќе се користи во козметичката индустрија.
Познато е дека маслото од лешник ја штити кожата, ја зголемува хидратацијата и ги елиминира знаците на стареење. Преполн е со витамини, минерали, масни киселини и протеини кои го подобруваат квалитетот на кожата.

Што е масло од лешник?
Маслото од лешник се екстрахира од зрна од лешник кои содржат околу 60% масло. Со цел да се добие најздрав вид на масло, се користи методот на ладно цедење. Ова масло станува сè попопуларно во козметичката индустрија, поради бројните позитивни ефекти врз кожата.
Маска за лице:
една лажица глина-бентонит
половина лажичка масло од лешник
половина лажичка масло од јојоба
2 капки есенцијално масло
Измешајте ги сите состојки заедно во сад. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да делува 10 минути. Потоа исплакнете со топла вода.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Katrin Birkholz (@petal_and_stem_aromatherapy)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …