Во јужниот дел на Македонија се уште многу често се подготвува „Фиделии пилаф“, односно посен десерт со ориз и фиде…
Состојки:
бел ориз
фиде
масло или маргарин
ванилин шеќер
шеќер (по вкус)
Подготовка: во соодветно количество вода сварете го белиот ориз – како за тавче (не смее да има отповеќе вода). Сварениот ориз тргнете го од ринглата и додајте му веќер и ванилин шеќер, по вкус, покријте и оставете да стои.
За тоа време на масло или маргарин испржете фиде – количеството е по желба, во зависност од вкусот. Лично ставам многу фиде „да крцка“ додека го јадам десертот.Фидето треба да добие златно-црвена боја.
Испрженото фиде префрлете го во садот со ориз, измешајте и оставете малку да отстои.
И’, тоа е тоа.
Брзо, едноставно и евтино а за вкусот не се раскажува.
Прекрасно од само две состојки.
(Рецепт) Посна трпеза: „Фиделии пилаф“ – Турски десерт со ориз и фиде!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.