Доколку ви се допаѓа комбинацијата од лешници, чоколадо и нутела, овој рецепт ќе ве воодушеви! Фереро бајадерите се богати, миризливи и се топат во устата. Подготовката е едноставна, а вкусот и изгледот се достојни за најубавата празнична трпеза.
Состојки:
За основната смеса:
150 мл вода
100 г путер
100 мл млеко
100 г шеќер (може и помалку, по вкус)
300 г мелени бисквити
170 г мелени печени лешници
За темниот слој:
150 г наполитанки со лешници
2 полни лажици Нутела
За глазурата:
100 г чоколадо
50 мл слатка павлака
60 г ситно сечкани печени лешници
Подотовка:
Основна смеса:
Истурете вода и шеќер во тенџере, потоа загревајте на умерена температура додека шеќерот не се раствори. Додадете го путерот, а кога ќе се истопи, додадете го млекото. Тргнете од шпорет, потоа додадете ги мелените бисквити и мелените лешници. Добро измешајте.
Поделба и темен слој:
Поделете ја смесата на два дела. Оставете го едниот дел така – тоа ќе биде средниот слој. Во вториот дел додадете ги издробените наполитанки, малку исечкани, и Нутела. Тоа е долниот слој.
Редење:
Прво, истурете го темниот слој во обложената тава за печење, добро израмнувајќи го. Нанесете лесен слој од смесата со бисквити и лешници врз него, а потоа повторно израмнете. Оставете во фрижидер да се стегне.
Глазура:
Растопете го чоколадото со слатката павлака на ниска температура. Кога ќе стане мазно, додадете ги сечканите печени лешници и прелијте врз тортата.
Ладење:
Оставете го колачот во фрижидер најмалку 2-3 часа, по можност преку ноќ.
Уживајте!
Фото: Принтскрин/novosti
ekran платформа за слободоумни